Болниците во Германија се пред затворање – не можат да излезат на крај со инфлацијата и трошоците за енергенсите

Тешки времиња за болниците во Германија. Трошоците растат. Ова го рекол Карл Лаутербах, министер за здравство, во своето обраќање.

Здравствените работници предупредуваат дека болниците можат да затворат поради високата инфлација и зголемените цени на енергенсите.

„Се приближуваме до драматично тесно грло на ликвидноста на болниците“, напишал претставник на просветните работници во писмото упатено до Лаутербах, пишува германски РНД.

„Како резултат на тоа, во наредните месеци неизбежно е да дојде до затворање и ограничување на работата во нега за пациенти“, стои во писмото.

Оваа година не сите болници можеле да ги исплатат дневниците за празниците. Според зборовите на претседателот на здружението, управата на болниците нема никаква врска со тоа, туку политиката.

Тој го критикувал тоа што Лаутербах во разговорот на почетокот од октомври прво ги прифатил оценките на здравствените работници, а потоа јавно ги довел во прашање во Бундестагот минатата среда. Однесувањето на министерот е оценето како „иритирачко“, а му бил упатен и повик конечно да го реализира ветениот пакет на мерки за помош на болниците.

Според нивните пресметките, инфлацијата и дополнителните трошоци во врска со енергенсите, кои ги надоместуваат здравствените осигурителни куќи, во периодот од 2021 до 2023 година изнесуваат 15,5 милијарди евра.