Правда

Босанец го тужи Фолксваген – бара 750 милиони долари оштета

   Време за читање 1 минута

Босанскиот претприемач Нијаз Хастор, сопственикот на компанијата за производство на автоделови „Превент“, на почетокот од неделата го тужел германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ под обвинение дека ја нарушува слободата на пазарниата конкуренција и побарал оштета во износ од 750 милиони долари, пишува Ројтерс.

Во тужбата се наведува дека Фолксваген ги уценува помалите добавувачи, користејќи ја својата сила и големина за да ги присили на нечесни работни услови и цени на услугата. На пример, на малите добавувачи им се забранува својот удел да го продадат на поголеми компании на добавувачи со што би биле во подобра преговарачка ситуација.

Тужбата приложена на судот во Детроит, САД се однесува конкретно на седум помали добавувачи на автомобилски делови за Фолксваген во сојузната држава Мичиген кои со договорот се спречени својот удел да го продадат на други компании. Хастор тврди дека тие договори со помалите добавувачи Фолксваген ги склучува исклучиво преку неговата фирма „Превент“ која е специјализирана за продажба на автонавлаки.

„Оваа тужба не е основана. Ќе се бориме одлучно против неа служејќи се со сите судски мерки кои ни се на располагање“, одговориле од „Фолксваген“ за Ројтерс.

„Превент групата“ пораснала токму поради преземањето на помалите добавувачки компании на Фолксваген ширум светот што им овозможува на моќниот Фолксваген да му поставуваат некои сопствени барања.