- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Бочварски: Штипските компании и превозници да ги дезинфецираат континуирано погоните и автобусите

Бочварски: Штипските компании - Работник
226views

Дезинфекцијата на автобусите и комбињата со кои се превезуваат текстилните работници до штипските фабрики мора да продолжи и тоа секојдневно, а исто така и погоните во коишто се одвива процесот на прозиводство.

Ова се едни од најважните заклучоци од денешниот состанок на кој присуствуваа градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претставници на текстилните компании, превозници, потоа од Центарот за јавно здравје-Штип, како и од невладините „Гласен Текстилец” и Хелсиншки комитет.

Advertisement

-Насоките од Центарот за јавно здравје се тие дезинфекција да продолжи во текот на наредниот период, секојдневно и една од останатите мерки е да бидат дезинфецирани погоните, после завршувањето на работното време, со одредени средства што се пропишани од Центарот за јавно здравје. Можам да информирам дека за граѓаните на Штип до денеска нема ниту еден случај заболен од коронавирусот. Посакуваме тоа и да не се случи, вели Бочварски, објави Канал 5.

Целосниот текст прочитајте го тука

Advertisement
Advertisement

Advertisement