ЕкономијаМакедонија

Бошков: Не сите компании ќе можат да исплаќаат минимална плата од 20,000 денари

Бошков: Не сите компании - Работник
71views

Прашан за тоа како зголемувањето на минималната плата на 20,000 денари ќе се одрази врз компаниите, Претседателот на Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков за порталот Работник, вели дека доколку немаме економски раст кој ќе биде за ист процент како и зголемувањето на минималната плата Македонија ќе стане држава на исплатувачи на минимална плата. 

Бошков вели дека изјавата на Премиерот за зголемување на минималната плата на 20,000 денари треба да биде поткрепена и избалансирана со синдикатите и работодавачите. Негов став е дека не сите компании ќе можат да ја исплаќаат ова сума на минималната плата.

Вели дека некои од компаниите би требало да се пререгистрираат во помали занаетчиски бизниси, за да не затворат, а ја наведува и можноста дека некои од компаниите ќе прават комбинации кои нема да бидат посакувани во стопанството, од типот на манипулација со регистрацијата на вработените, работата на скратено и полно работно време, како и бројни импровизации поврзани со Законот за работни односи и Законот за минимална плата. 

 Во однос на четвртиот пакет на мерки за помош на стопанството, Бошков вели дека тој треба да биде во насока на поддршка на платите на вработените, особено поради тоа што економијата не е заздравена на нивото на кое се очекува.

Според него, сите компании не успеале да обезбедат средства за ликвидност и за одржување на своите економски активности. 

„Ќе треба да се овозможи компаниите да добиваат и капацитетни и ресурсни информации за начинот за справување со корона кризата, бидејќи состојбата се менува, мерките се олабавуваат, меѓутоа тоа не значи дека економијата е на исто ниво, како што беше пред корона кризата“, вели Бошков.

Како што вели, потребно е сите компании, без разлика на нивната големина да бидат еднакво третирани. 

Во однос на економската програма на Владата, Бошков смета дека најважно е тоа што Владата го промовира како економска реформа. Тој вели дека Владата треба да биде сериозна во спроведувањето на економската програма. Истакна дека треба да има еднакво спроведување на програмата, ослободување на спрегите во бизнисот, како што се парафискалните трошоци кои според него, иако е најавено дека ќе се намалуваат, сепак потребно е да се примени ветувањето во пракса. 

Тој посочи дека Владата ќе мора да се справи и со локолната власт, односно ќе треба да се подобри комуникацијата, спроведувањето и реализирањето на документациите. Нагласи дека Владата мора да ја дигитализира и да ја зголеми успешноста на јавните услуги и низ активностите да ја спознае и да ја санкционира можноста за коруптивни дејствија. 

Бобан Илијевски