- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Бразилски здравствени работници го обвинуваат Болсонаро за небрежност во справувањето со пандемијата

129views

Бразилски здравствени работници денеска побараа од Меѓународниот кривичен суд да покрене истрага за одговорот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро на пандемијата на Ковид-19, за кој велат дека претставува кривично дело против човештвото.

Барањето е поднесено во судот во Хаг од страна на синдикатите што претставуваат повеќе од еден милион вработени во здравството во Бразил.

Advertisement
Синдикатите го обвинуваат крајно десничарскиот лидер за „небрежност во управувањето со пандемиската криза, ставајќи го во опасност животот на здравствените работници и членовите на бразилското општество“.

Според синдикатите, бразилскиот претседател го охрабрил собирот на неговите приврзаници, им пристапил без маска и рекламирал контроверзен третман за лекување, а ваквото однесување, според нив, ги зголеми ризиците од ширење на инфекцијата во земјата.

Бразил е втора најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со повеќе од 2,4 милиони случаи на заразени и со околу 87.000 починати

Advertisement
Advertisement

Advertisement