
Виолета Спасов Колева до вчера вработена во општина Лозово со стаж од 14 години како раководител на одделот за финансии, која воедно е и бремена е избркана од работа. Нејзината сестра која се обрати до редакцијата на КУРИР за овој случај, вели дека Виолета без никаков основ е оставена на улица, без плата, пари и осигурување, како и без право на трудничко боледување.
По 14 години работа во општината Лозово, во моментов на чело со градоначалникот Ацо Велковски, Виолета добива отказ, иако по Закон не смеат да одјават од работа бремена жена. Во Законот за работни односи јасно е наведено дека несоснована причина за отказ е одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање, родителствo.
Извор: Курир