ЕкономијаСветСветот на работникот

Британија ги затвора вратите за нискоквалификуваните работници

Британија ги затвора - Работник
210views

Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател изјавила дека Британија нема повеќе да увезува нискоквалификувана работна сила.

Освен тоа, рекла дека ќе воведе построги услови за луѓето кои сакаат да дојдат за да работат во Обединетото Кралство.

Зборувајќи за весникот „Сан“, Пател рече дека „новиот емиграциски систем ќе го прекине протокот на нискоквалификувана работна сила“, како и дека „сите квалификувани работници ќе мораат да го заслужат правото за да работат во Велика Британија – ќе мора да знаат англиски јазик, да имаа понуда од компанијата која ќе ги ангажира и да ги исполнат условите за понудената плата.

Британија ја напушти Европската унија на крајот од јануари, но транзицискиот период ќе трае до 31 декември.