ПравдаСветСветот на работникот

Британија не размислува за задолжително носење на маски на работа

Британија не размислува - Работник
74views

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска изјави дека земјата веројатно нема да ја следи Франција во одлуката да воведе задолжително носење заштитни маски на работното место, бидејќи достапните податоци покажуваат дека повеќето луѓе се заразуваат кога едно семејство посетува друго во нивните домови.

-Тоа во моментов не го разгледуваме, рече Хенкок за Би-Би-Си, на прашањето дали Велика Британија ќе воведе задолжително носење заштитни маски на работното место, како што тоа го направи Франција.

Како причина за тоа тој кажа дека доказите на Националната здравствена служба за тестирање и следење на заразените болести покажуваат дека луѓето најчесто заболуваат од коронавирусот „кога едно семејство се среќава со друго семејство, најчесто во нивните домови“, пренесуваат британските медиуми.

Хенкок истакна дека податоците со кои Велика Бртитанија располага во моментов покажуваат дека бројот на заразени лица на работното место е релативно мал.

Како што беше претходно објавено, француската Влада планира да пропише задолжително носењето заштитни маски за повеќето работни места, со цел да се запре понатамошното ширење на коронавирусот.