ЕкономијаСветСветот на работникот

Британската пошта најави отпуштања на менаџери и неоперативни работни места

171views

Британската пошта -„Ројал мејл“ најави намалување на оперативните трошоци и отпуштања од работа, јави  агенцијата Анадолија.

-Ќе спроведеме мерки за намалување на оперативните трошоци што треба да дадат заштеда од 130 милиони фунти, изјави Кит Вилијамс, в.д. директор на Кралската пошта.

Вилијамс истакна дека оваа одлука е дел од најавеното намалување на капиталните расходи за околу 300 милиони фунти во следните две години, со цел соодветно да одговори на непосредните последици од епидемијата на коронавирусот врз бизнисот на британската пошта.

Покрај тоа, во „Ројал мејл“се планира најголемото досега кастрење на високи извршни функции и други неоперативни работни места. Во Кралската пошта во моментов се вработени повеќе од 161.000 лица, меѓу кои има и 9.700 менаџери.

Во првите два месеци од оваа година, годишните проектирани приходи на компанијата беа пониски за 29 милиони фунти.