- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Британска банка одобри четиридневна работна недела!

Британска банка - Работник
409views

Најголемата компанија која во Велика Британија одлучи да ја скрати работната недела е банка, со намера да ја подобри психичката и физичката благосостојба на вработените.

Британската “Atom bank” одлучи нејзините вработени сега да работат четири дена во неделата без да им ги намалат платите. Медиумите од островот пишуваат дека ова е првата голема компанија која се одлучила на ваков потег.

“Atom bank” најави дека за своите 430 вработени ќе го намали бројот на работни часови неделно од 37,5 на 34 и дека очекуваат повеќето работници да земаат слободни денови во понеделник или петок.

„Оваа политика, која стапи на сила на 1 ноември, беше воведена за да се поддржи „менталната и физичката благосостојба“ на вработените во “Atom bank” и да се подобри продуктивноста”, соопштуваат од банката.

„Четиридневната недела ќе им обезбеди на нашите вработени повеќе можности да ги следат своите страсти, да поминуваат време со своите семејства и да изградат поздрав баланс помеѓу работата и животот“, рече извршниот директор на “Atom bank”, Марк Мулен.