ЕкономијаСветСветот на работникот

Британскиот ланец „Маркс енд Спенсер“ ќе отпушти 7,000 работници

Британскиот ланец - Работник
74views

Британскиот малопродажен ланец Маркс енд Спенсер објавил дека планира да укине 7,000 работни места после падот на продажбата за време на пандемијата од вирусот Ковид – 19. 

Компанијата чие седиште е во Лондон соопштила дека во наредните три месеци ќе укине работни места во централните канцеларии, регионалната управа и британските продавници. Овие намалувања претставуваат девет отсто од вкупната работна сила на компанијата. 

Како и другите малопродажни компании, забележала скок во онлајн продажбата бидејќи купувачите избегнуваат шопинг во продавниците поради пандемијата од коронавирусот. Како што се наведува 68 отсто од нарачките се испорачани до домовите на купувачите за време на тој квартал, во однос на 29 отсто од минатата година. 

„Останува значајна неизвесноста околу пазарните услови и траењето на мерките за социјално дистранцирање и ние го задржуваме внимателниот пристап во планирањето за остатокот на годината“, навела компанијата.