- Advertisement -
ЕкономијаСвет

Британските авиокомпании со протестно писмо до Владата за карантинските мерки

Британските авиокомпании - Работник
219views

Три британски авиокомпании упатиле протестно писмо до Владата поради „потполно неоправданите и несразмерните мерки“ на карантин кои денеска стапуваат во сила во оваа држава.

Од денеска речиси сите патници кои ќе допатуваат во Обидинетото Кралство ќе мораат да одат во самоизолација 14 дена и ќе треба да дадат детали за своето сместување. Ова се мерки кои ќе ги спречат луѓето да дојдат во земјата, навеле авиокомпаниите Бритиш Ерлајнс, Рајанер и Изиџет.

Advertisement

Тие во писмото до Владата оценуваат дека предвидените мерки се построги од оние кои се за луѓе заболени од коронавирус.

Додаваат дека е „нелогично и нерационално“ да се наметнува карантин за луѓе кои доаѓаат од земји на ЕУ каде има помала стапка на заболени од Британија.

Advertisement

На премиерот Борис Џонсон му се обратил и сопственикот на Евротунел кој побарал итна интервенција за решавање на проблемот во врска со мерките за карантин.

Advertisement