СветСветот на работникотСиндикат

Британските синдикати бараат разговори со „Тата Стил“ по најавата дека ќе укине 3,000 работни места

Британските синдикати бараат разговори - Работник
138views

Синдикатите побараа итни разговори со индиската компанија „Тат Стил“ откако сопственикот на Порт Талбот, фабрика за производсвто на челик, ги шокирал работниците со планот за укинување на 3,000 работни места низ Европа.

Објавата која беше последниот знак за тешкотиите во челичната индустрија, беше објавена во понеделникот вечерта без никакви консултации со претставниците на работниците од Велика Британија.

Две третини од затворените места ќе бидат канцелариски, рекле од Тата Стил. Сигурно е дека поголемиот дел од укинувањето на работните места ќе се случи во Европа.

Но, објавата фрли сенка врз фабриката Порт Талбот која е најголема во Велика Британија и има вработени 4,000 работници. Тата Стил во септември објавил дека ќе затвори уште една фабрика во Јужен Велс, поточно во Њупорт.

Тата Стил ги обвини опаѓањето на побарувачката на челик во Европската Унија и глобалниот пренатрупан капацитет за укинувањето на работните места, за коишто рече дека „била компромитирана од трговските конфликти кои го претвориле Европскиот пазар во депонија за светското производство на челик“. Компанијата наведе и дека зголемени се трошоците кои треба да ги плаќа тешко загадувачката индустрија.

Генералниот Секретар на Комјунити, Рој Рикхаус, рекол дека синдикатот на челичните работници ќе се бори за да го задржи Тата Стил во Велика Британија најмалку до 2021 година.