ЕкономијаСвет

Британците ги тријат рацете: Најголем раст на платите за 11 години

Британците ги трлаат рацете - Работник
75views

Британскиот пазар на труд покажал неочекувана сила во вториот квартал, што е во остра спротивност на минатонеделните податоци кои укажале на пад на домашната економија во истиот период.

Вкупниот раст на просечната плата во Британија, вклучувајќи ги и бонусите, изнесувал 3,7 отсто во три месеци заклучно со јуни, во однос на истиот период минатата година, покажале денеска објавените официјални податоци.

Тоа е најголема стапка на раст од 2008 година и скок во однос на мајскиот раст од 3,5 проценти, пренесува Ројтерс и додава дека најновите податоци се во склад со прогнозите на економистите кои учествувале во анкетата на британската агенција.

Кога ќе се изземат бонусите, темпото на растот на платите се забрзало на 3,9 проценти од 3,6 проценти, соопштила британската Национална канцеларија за статистика.

Британскиот пазар на труд на единствена „светла точка“ за националната економија од гласањето за Брегзит во јуни 2016 година, бидејќи работодавачите повеќе се одлучуваат да вработат нови работници кои подоцна можат да ги отпуштат, наместо долгорочно да се обврзат на инвестиции, тврдат економистите.