ЕкономијаСветСветот на работникот

„Бритиш Петролеум“ ја продава зградата во Лондон поради променетиот начин на работа

„Бритиш Петролеум“ - Работник
48views

„Бритиш Петролеум“ планира да го продаде седиштето во центарот на Лондон со намалување на работните места и воведување на флексибилно работно време, објави во неделата „The Times“, цитиран од „Bloomberg“.

Нафтениот гигант, кој вработува 6.500 лица во Велика Британија, планира да ја изнајми зградата на плоштадот Сент Џејмс од новиот сопственик за две години, се вели во изданието, без да цитира никого. Од „BР“ одбија да го коментираат извештајот.

„BР“ им се придружува на другите работодавци кои го менуваат стилот на работа откако многу вработени почнаа да работат дома поради пандемијата на ковид-19. Извршниот директор Бернард Луни изјави дека компанијата ќе се пренасочи во комбинација на работа од дома и во канцеларија.

Планот на компанијата ја нагласува неизвесноста со која се соочува пазарот на недвижнини бидејќи коронавирусот ги испраќа канцелариските работници дома и ги испразнува деловните центри во лондонското „Сити“, Канари Варф и на други места во Лондон.

Само 13% од луѓето се вратија во своите канцеларии во Лондон овој месец. Во 63-те најголеми урбани центри во земјата, процентот е 17%, според публикацијата, повикувајќи се на анализа на мобилните податоци.

Зградата, која „BР“ ја купи за 117 милиони фунти (156 милиони американски долари) во 2001-ва година, може да биде вредна денес за повеќе од 300 милиони фунти, пишува весникот.