ЕкономијаСветСветот на работникот

Бројот на невработени во Австрија сеуште расте

Бројот на невработени - Работник
36views

И покрај апелите на австриската Влада стопанственците да ги искористат законските можности кои им носат растеретување и понатаму многу од нив прибегнуваат кон отпуштање на работници.

Од 15 март бројот на невработени пораснал на околу 153,100 лица, соопштил Сервисот за вработување (АМС).

Уште во вторникот на пладне бројот на невработени изнесувал 138,000.

Најголем раст на невработени забележан е во угостителството и хотелијерството, каде се пријавени 51,000 нови невработени. Потоа следува градежништвото со 19,200.

Инаку, на крајот од февруари, на почетокот од епидемијата, пред воведените ограничувања на движењето и затворањето на угостителските објекти бројот на невработени бил околу 400,000.