ЕкономијаСвет

Бројот на невработени во Германија расте

Бројот на невработени - Работник
60views

Стапката на невработеност во Германија се зголемува. Таа во јануари надмина пет проценти, а како причина за тоа се временските услови. Бројот на невработени укажува и на понизок економски развој, покажуваат податоците на Федераната агенција за труд.

Според податоците, стапката на невработеност се зголемила на 5,3 проценти во јануари од 4,9 проценти колку што изнесувала во декември.

„Во Германија, вкупно 2,43 милиони луѓе се регистрирани како невработени и таа бројка е зголемена за 198.000 во однос на декември“, се вели во соопштението.

Германската економија беше во пораст десет последователни години, но минатогодишниот раст од 0,6 проценти е најслаб од 2013 година.