ЕкономијаСветСветот на работникот

Бројот на невработени достигнал ново историско ниво

Русите во проблеми - Работник
114views

Невработеноста во Австрија во април, сред кризата поради епидемијата на корона вирусот, екстремно пораснала и достигнала ново историско ниво од 571,477.

Бројот на невработени, во споредба со истиот месец минатата година, пораснал за дури 58,2 отсто.

Со тоа на крајот од април, 210,275 лица повеќе останале без работа, отколку во истиот месец 2019 година.

И во однос на крајот на март, кога биле регистрирани 562,522 невработени, дошло до пораст.

Стапката на невработеност пораснала од 5,5 отсто на 12,8 проценти.

Невработеноста пораснала во сите старосни групи, во сите сектори и сите покраини.

Бројот на отворени работни места паднал за една третина.

Ковид – 19 кризата од средината на март предизвикала екстремен пораст на невработеноста, истакнуваат од Сервисот за вработување на Австрија.

Растот во април малку се намалил, но и понатаму е далеку над нивото од минатата година.