СветСиндикат

Бугарија: Потпишан нов колективен договор помеѓу фондот за здравство и синдикатите

Бугарија: Потпишан нов колективен - Работник
104views

Националниот здравствен фонд на Бугарија и двата репрезентативни сидникати – Нациоанлниот синдикат на административни работници и Федерацијата на синдикати од здравството при Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија – КНСБ, го потпишаа осмиот колективен договор.

Главните приоритети на договорот е да се има подобри работни услови, да се намали бројо на доктори кои заминуваат и да се привлечат млади професионалци.

Според Фондот за здравство, голем број на доктори, програмери и други квалификувани работници ја напуштиле државата поради ниските плати.