ПравдаСветСиндикат

Бугарија: Седум од десет деца се жртви на семејно насилство

Бугарија: Седум од десет деца се жртви на семејно насилство - Работник
198views

Седум од десет деца се жртви на домашно насилство, истакнуваат синдикатот на бугарски просветни работници и министерството за внатрешни работи. Но дали ќотекот дома е ефективен метод за воспитување на децата? Ова прашање не можеше да го најде дефинитивниот одговор. Државите во Западна Европа веќе постигнале консензус: доколку врз дете се врши насилство, тоа ќе им биде одземено на родителите.

Слична идеја во Бугарија, крена протести на родители, во саботата, во преку 20 бугарски градови. Тие инсистираа предлозите посочени во Националната стратегија за децата до 2030 година да се отфрли. Нацрт верзијата на овој документ, веќе има вето од Премиерот Борисов.

„Никој во државата нема намера да одземе деца од родителите. Актот за заштита на деца беше усвоен во 2000 година и голем дел од правилата не се сменети од тогаш. Нашите цели, се едноставно да ги поддржиме децата кои поради некоја причина останале без родители. Минатата година во државата биле напуштени 1,000 деца“, рече заменик министерот за труд и социјална политика на Бугарија, Зорнитца Русинова.