ЕкономијаСвет

Б92: Дали работниците од Македонија и Албанија ќе го намалат вработувањето на Србите?

Дали работниците од Македонија и Албанија - Работник
53views

Министерот за труд и социјални прашања, Зоран Ѓорѓевиќ изјавил денеска дека нема причина за грижа, пишува Б92.

Според неговите зборови, либералниот пристап кон мигрантската криза, како и отворањето на границиата со Македонија и Албанија за слободен проток на луѓе, роба и капитал не значи дека во Србија ќе се населат мигранти, ниту дека работната сила од тие две земји ќе ја намалат можноста за вработување на домашното население.

Ѓорѓевиќ рекол дека „мал шенген“, како што се нарекува договорот постигант во Тирана е проект кој ќе овозможи полесно добивање на работна дозвола за работниците од државите кои се потписнички на оваа спогодба.

Тој додал дека наредната година ќе биде усвоена „индустриска стратегија“ која ќе покаже каде Србија сака да биде економски за 50 години и дополнително на тоа, за каква работна сила постои потреба.

Истакнал дека економските миграции отсекогаш постојат и дека движењето на работната сила постои во во цела Европа, а не само на Балканот и како пример ги навел луѓето од Балканот кои одат да работат во Германија, додека Германците заминуваат да работат во Норвешка.

За работа во Србија граѓаните од странство ќе можат да аплицираат и преку апликациите за виза.