СветСветот на работникотСиндикат

Важни вести за оние кои сакаат да работат на Јадранот: Постигнат нов договор

   Време за читање 2 минути

Работодавачите и синдикатите во секторот туризам ги завршиле преговорите за износот на минималната плата во оваа дејност, пишува Јутарњи лист. 

Минмалните плати во сектор туризам во гранскиот колективен договор се разработени во четири групи по сложеноста на работните места, при што само за онаа најниската е предвиден минимален износ на бруто платата која ја одредува Владата за 2022 година (4687,10 куни), а за останатите се преговаало со Здружението за угостителство и туризам при Хрватското здружение на работодавачи и е постигнат договор за 2022 година. 

Додека државниот минималец расте за 10 %, минималците за посложените работни места во туризмот и угостителството растат со поинаква динамика. Така, за втората категорија на работни места предвиден е раст од 12 % (на 4,800 куни бруто и се однесува на собарките, како и помошниот персонал како помошници келнери, готвачи, рецепционери, слаткари), за третата од 6 % (на 5,400 куни за келнерите, готвачите, рецепционерите), а за четвртата од 5 % (на 6,400 куни за келнерите и готвачите специјалисти како и другите посложени работни места). 

Според претседателот на Синдикатот за туризам и угостителство на Хрватска, Едуардо Андриќ, тие барале зголемување од 10 % на минималецот за сите категории на работници, но Здружението, по консултациите со членството поради незнањето за развојот на ситуацијата со пандемијата и почетокот и текот на новата туристичка сезона, „ја прифатила иницијативата на синдикатот, но со намалени износи на зголемувањата на платите, за второ, трето и четврто ниво на сложеност на работните места“. 

Компромисот значи дека првите четири месеци ништо нема да се менува, освен кога станува збор за исплатата на државниот минималец, а со почетокот на примената на новите износи. Тогаш тие износи би биле обврска на сите, па и на најмалите кафетерии, а според Законот за минимална плата, примената ќе ја надлгедуваат трудовите инспектори. 

Андриќ најавува дека со работодавачите ќе ги анализираат резултатите од сезоната, па, ако тоа показателите го дозволат, ќе се договорат за зголемување на износот на плата по нивоа до крајот на годината. Напоменува дека поголемиот дел на водечките јадрански хотели исплатуваат плати според своите колективни договори, меѓутоа, постојат работодавачи во континеталниот туризам и во помалите угостителски објекти каде износите од договорите претставуваат гранцица преку која не се сака да се оди. 

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Pixbay