Наука

Вака научниците пресметуваат како вирусот се шири

Вака научниците - Работник
523views

Со желба да ја пресметаат брзината на ширење на одреден вирус, научниците во предвид зеле многу фактори за да воспостават формула и единствен број кој одредува колку вирусот е инвензивен. Резултатот секогаш не е фиксен, бидејќи факторите кои влијаат на него се менуваат со текот на времето, па може да се случи ширењето на некој вирус во почетокот да е многу брзо, а подоцна поради мерките на претпазливост да се забави, објаснува Си -Ен-Ен во снимката.

Како се шири вирусот? Постојат повеќе можности – може да се шири по пат на кашлица или кивање, ракување, сексуален однос и на други начини. Важни се и нашите навики. Дали ги переме често рацете и го допираме лицето. Дури и климатските услови можат да одредат колку далеку стигнува и колку брзо се шири инфекцијата.

Научниците брзината на ширење на инфекцијата ја свеле на бројот Ro (кој се изговара како „Р наут“, т.е „Р ништо“). Бројот поголем од 1 укажува на тоа дека инфекцијата ќе се шири, а бројот помал од 1 значи дека ќе биде запрена.

Научниците овој број го одредуваат на основа на формулата која ги опфаќа сите фактори на животната средина и сите биолошки фактори.

Како тоа изгледа во пракса

Во реалноста тоа изгледа вака: инфекцијата се појавува кај човекот (преоѓа од животните, на пример) и колку бројот Ro е поголем, толку повеќе луѓе ќе бидат заразени. Бројот 2 значи дека нултиот пациент ќе зарзи двајца други луѓе кои понатаму можат да заразат други двајца и со тоа темпо и понатаму се шири. На пример, Ro бројот кај малите сипаници е помеѓу 12 и 18, а најнизок број имала еболата – помеѓу 1,5 и 2,5. Иако по овие мерила грипот се разликува од година во година, една студија тврди дека неговиот Ro  изнесува 1,2.

Сепак, како што одредени фактори се менуваат, се менува и Ro. На пример, кога се појавил САРС, овој број бил висок, но луѓето биле заразени само кога кај нив се појавувале симптоми. Кога луѓето дознале кои се точните симптоми, порано започнале да одат во болница и можеле да останат таму пред да заразат други. Со тоа вредноста на Ro бројот во овој случај е намалена.

Ro, како што е горенаведено, варира и зависи од условите во околината и здравствените мерки кои се спроведуваат. На почетокот Ro за корона вирусот било проценето дека изнесува околу 3,5, а денеска се смета дека тој е околу 2,5.