СветСветот на работникотСиндикат

Вака се плаќа работата од дома во нашиот северен сосед

Вака се плаќа работата - Работник
68views

Укинувањето на вонредната состојба и почетокот на вториот пик на пандемијата на дневен ред го вратиле процентот кој газдите смеат да го одбијат на работниците во случај да работат од дома, самоизолација и боледување од ковид. 

Од Министерството за труд на Србија објаснуваат дека работата од дома подразбира право на заработка која е пропишана со општ акт, односно колективен договор, правилник и договор за работа. Основната заработка не смее да биде помала од онаа која ја добиваат вработените кои ја работат иста работа во просториите на работодавачот, а едниствената разлика е дека немаат право на надоместок за превоз, пишуваат „Вечерни новости“. 

Кога работникот поради привремена спреченост не доаѓа на работа, а тоа може да биде поради заразеност од  ковид, тогаш Законот за работни односи пропишува плата најмалку во висина од 65 отсто од просечната заработка во претходните 12 месеци во кои настапило привременото спречување за работа.

Од Сојузот на самостојни синдикати на Србија сметаат дека токму износот на надоместокот кога некој ќе се зарази е најголемиот проблем. Во јавниот сектор тој изнесува 100 отсто, освен во културата. Тие сметаат дека самоизолацијата која трае помеѓу 14 и 21 ден, работодавачот треба да ја третира како некој вид повреда на работното место. Овој став го објаснуваат со фактот дека не може да се утврди точно кој каде се заразил. Според нив, подобро е на работникот да му се даде целата плата и тој да работи од дома, отколку да ризикува да се зарази помеѓу колективот. 

Ранка Савиќ од Асоцијацијата на слободни и независни синдикати вели дека Министерството за труд би требало да донесе обврзувачки правен акт со кој „ќе се воспостават правилата на игра“. 

Законот за работни односи, како што тврди, познава работа вон просториите на работодавачот и работа од далечина, но не и работа од дома, особено не во време на пандемија.