ЕкономијаНовостиСвет

ВБ: 47,000 компании се на работ на пропаст – Овие се најзагрозените

   Време за читање 1 минута

Во Велика Британија повеќе од 47,000 компании се на работ на колапс, бидејќи бројот на претпријатија кои имале „критични“ финансиски проблеми во последните три месеци на 2023 година, пораснал за 25 % во однос на претходниот квартал, се наведува во извештајот на компанијата за инсолвентност Begbis Trainor.

Секторите градежништво и недвижности се во најголеми проблеми, бидејќи 30 % од сите загрозени британски компании делуваат токму во овие области, пренесува Guardian.

Бројот на загрозени британски компании во градежната индустрија квартално пораснал за 32,6 %, 41,3 % кај фирмите во здравството и образованиете и 25 % во услугите со недвижности.

Минатата година беше тешка за британските компании поради растот на каматните стапки, високата инфлација, слабата доверба од потрошувачите и растечките и непредвидените трошоци од инпутот, а сега гледаме дека овие фактори влијаат на секој дел од британската економија, рекла соработничката на фирмата Begvis, Џули Палмер.

Банката на Англија ги зголемила каматните стапки од 0,1 %, колку што изнесувале на крајот на 2021, на сегашните 5,25 % за да ја скроти инфлацијата, што ги спречило компаниите во Британија да земаат евтини кредити и на тој начин да ги покриваат своите финансиски проблеми.

За жал, десетина илјади британски компании во 2024 година ќе мораат да се борат за опстанок, заклучила Палмер.

Извор: b92.net

Фото: Shutterstock/Motortion Films