МакедонијаСиндикат

(Видео) Велигднов: 30 години не ни се зголемени платите, бараме и подобрување на работните услови

Велигднов: 30 години не ни се зголемени платите- Работник
383views

Синдикатот на Македонска пошта во изминативе неколку месеци водеше интензивни разговори со Претседателот и членовите на Управниот Одбор за подобрување на условите за работа, како и за реализација на барањето за зголемување на платите, истакна Претседателот на синдикатот, Боро Велигденов на денешната прес – конференција.

Според него и покрај намалувањето на загубите во работењето , како и целосната конструктивност и посветеност на Претседателот и членовите на Управниот Одбор за изнаоѓање на решение за посочените проблеми и барања на вработените, не успеале да најдат соодветно решение кое би било поволно за компанијата и за вработените.

 

„Имено, долгогодишното барање за зголемување на платите се темели на фактот, што повеќе од 30 години ниту за еден денар не се зголемија платите во Македонска Пошта, а дотолку повеќе е зголемено незадоволството кај вработените со намалување на вредноста на бодот пред 12 години, со образложение во времетраење од шест месеци, но таа намалена вредност на бодот и ден денеска е на сила“, рече Велигденов.

Нагласи дека особено е  изразено незадоволството кај вработените во технолошкиот процес каде што просечната плата на ниво на компанија на тие вработени  изнесува 17,650 денари , што  значи дека тој износ е поблиску до минималната плата, отколку до висината на просечната плата во Македонија. Со ваквиот износ на платата, вработените се на работ на егзистенцијата и водат борба за пристоен живот.

„Барањето на работниците е враќање на вредноста на бодот и зголемување на платата за 10 %, што би довело до приближување на нивните плати до просечната плата и зголемување на нивниот стандард и подобрување на условите за пристоен живот“, истакна Велигденов.

Тој потенцираше дека покрај барањето за зголемување на платите , како проблем, вработените се соочуваат и со лоши услови за работа години наназад, како и со недостиг на основните средства за работа, односно потребата за набавка на работна облека, велосипеди, мопеди, компјутерска опрема ,санација на објектите и други материјали, а особено ја нагласи набавката на работна облека којаповеќе од 10 години не е набавена, за што од Претседателот на Управниот одбор добиле ветување дека годинава набавката на работна облека ќе биде приоритет, за што и на почетокот од годинава Управниот одбор донесе одлука за набавка на работни облеки,  но до ден денеска постапката не е започната, поради недобивање на согласност за набавка од страна на Надзорниот Одбор. Со оглед на долгиот период на чекање за реализација на набавката, незадоволството кај вработение е се поголемо.

„Уште едно суштинско барање на Синдикатот на Македонска Пошта се  однесува на либеризацијата на поштенскиот пазар која треба да започне од 01.01.2020 година, а тоа е дека синдикатот не се согласува со отпочнување на либеризацијата на посочениот датум, од причина што цениме дека моменталната состојба, во која се наоѓа нашата компанија. Доколку влеземе во либеризација, дополнително би се зголемила неизвесноста и иднината на нашата компанија која би имала голема последица врз вработените. Поради тоа Синдиатот на Македонска пошта бара да се пролонгира либерализацијата на поштенскиот пазар до  влез на земјата со членство во Европската унија“, истакна Велигденов.

Додаде дека соочени со овие проблеми и нереализирање на барањата, вработените од синдикатот бараат да преземе порадикални синдикални мерки за реализација на нивните барања за зголемување на платите и подобрување на условите за работа. Поради тоа, бараат итна средба со Премиерот, со цел надминување на состојбите и реализирање на барањата.