- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникот

Велика Британија: Во фабрика за слатки заразени 72 работници

Велика Британија - Работник
233views

Во фабриката за слатки во Нотингемшир, во Англија, 72 работници се позитивни на коронавирусот, пренесе Скај Њуз.

Како што се наведува, тестирани биле 701 вработени, а сега Националната здравствена служба ќе ги тестира сите 1.600 работници.

Околу 33 вработени, кои биле позитивни, се вратиле на работа откако определено време биле во изолација.

Минатата недела беше откриено дека речиси 300 вработени во фабриката за сендвичи „М & С“ во Нортхемптон, се позитивни на вирусот.