ЕкономијаСвет

Велика Британија ќе го забрани влезот за нискоквалификуваните работници и мигрантите кои не знаат англиски јазик

Велика Британија - Работник
186views

Велика Британија ќе забрани влез во државата за мигрантите кои не знаат англиски јазик и нискоквалификуваните работници, се наведува во емиграцискиот план на британската Влада. Таа им посочи на бизнисите повеќе да не се потпираат на евтината работна сила и да инвестираат во автоматизација и задржување на персоналот. Властите забележаа дека со намалувањето на целокупната миграција во Британија, се исполнуваат предлозите до Брегизтот кои беа поднесени од страна на избирачите, истовремено исполнувајќи ги ветувањата од скорешната изборна кампања.

Владата претходно истакна дека сака да воведе емиграциски систем како Австралискиот, со кој мигрантите се рангираат според одредени критериуми – познавање на јазикот, квалификации и работно искуство. Властите ќе ги отворат границите за висококвалификуваните работници.

Со новиот план мигрантите кои сакаат да работат во Британија мора да зборуваат англиски и да имаат понуда за висококвалификувана работа. Ова ќе им донесе 50 поени, но за да можат да работат во Велика Британија ќе им требаат 70, со што дополнителнитте поени ќе бидат доделени по принцип на квалификации, работење во сектори каде што има недостаток на работна сила или доколку имаат докторат на релевантна тема поврзана со работата.

Владата одреди и почетни плати. Секој којшто сака да работи во Британија мора да има годишно примање од 33,000 долари. Иако луѓето коишто заработуваат основни плати од 20,480 фунти ќе бидат прифатени, доколку има недостаток на вештини. Според листата на Советодавниот Комитет за Миграција има недостаток во цивилното инженерство, медицината, психологијата и балетески танчери.

Британските власти рекле дека работниците од земјите членки на Европската унија и оние кои не се членки на ЕУ ќе бидат третирани еднакво по завршувањето на процесот со ЕУ на 31 декември оваа година.

Планот на Владата изнуди остри реакции од страна на бизнис лидерите, синдикатите и опозицијата. Британскиот синдикат Унисон кои ги претставува здравствените работници рече дека системот „го става во апсолутна катастрофа здравствениот сектор“, додека портпаролот на Либералните Демократи, Кристин Жардин рече дека планот е базиран на „ксенофобија“.

Бизнис лидерите и работодавачите рекоа дека владиниот план може да резултира со губење на работните места и затворање на фабриките. Но, Државниот Секретар рече дека новиот емиграциски систем ќе обезбеди во Британија да дојдат најпаметните и најдобрите.