Наука

Вештачката интелегенција побрзо го дијагностицира ракот на дојка, но сеуште нема да ги замени докторите

Вештачката интелегенција - Работник
248views

Вештачката интелегенција (АИ) е попрецизна од докторите во дијагностицирањето на карциномот на дојка при читање на мамограмот, објавено е во стурчното списание „Nature“.

Меѓународниот тим, вклучувајќи научници од Универзитетот Империал Колеџ Лондон и Гугл Хелф, дизајнирал и изработил компјутерски модел на РТГ снимките речиси на 29,000 жени.

Испаднало дека алгоритамот е поуспешен во читањето на мамограмот од шест доктори, а бил речиси еднаков добар во однос на двајца доктори кои заедно ги читале снимките.

Но, за разлика од луѓето, АИ е неуморен, а експертите веруваат дека можат да го подобрат.

Моментално британскиот здравствен систем користи два радиолози за читање на снимките на секоја жена, но во ретеки случаеви, кога нивните мислења не се совпаѓаат, се повикува трет доктор.

Во спореведеното истражување АИ се користел за неозначените снимки, за да се открие идентитетот на пациентката и за разлика од докторите, немало увид во историјата на болести на секоја жена. И покрај тоа, АИ бил еднакво добар како и двајцата доктори заедно, а подобар од читање на мамограмот од еден од докторите.

За обука на радиолог – специјалист потребни се десет години образование. Читањето на мамограмот е клучно и таа работа е временски предизвикувачка. Моментално во Обединетото Кралство недостасуваат повеќе од 1,000 радиолози.

Доминик Кинг кој работи за Гугл Хелф, рекол дека е многу горд на резултатите од истражувањето и дека се на добар пат да развијат технологија која ќе им помогне на докторите со поголема прецизност да го воочат карциномот на дојка.