- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Вибер одбележува десет години постоење

Вибер одбележува десет години постоење
156views

Rakuten Viber, една од најпознатите глобални апликации за бесплатна и лесна комуникација, одбележува десет години постоење како иновативна платформа за размена на пораки меѓу луѓето низ целиот свет.

 

,, Ја почитуваме приватноста на нашите корисници” се нагласува во соопштението и се истакнува дека Viber е прифатен од стотици милиони корисници ширум светот, како апликација за бесплатна, интерактивна и безбедна размена на податоци, која им овозможува на луѓето да се поврзат со било кој и било каде сакаат.

Од компанијата потсетуваат дека Viber e создаден во 2010 година, со цел да овозможи алтернативен канал за комуникација преку нудење на бесплатни повици на корисниците на мобилни телефони ширум светот, додека денес е на пат да стане сеопфатна платформа за комуникација.

“Во денешниот свет на сеприсутни динамични промени, начините на комуникација исто така значително се менуваат, а Viber секогаш ќе се стреми да биде лидер во секоја смисла која ќе биде од корист за корисниците” истакна генералната директорка за развој на компанијата по повод десет годишнината од лансирањето на апликацијата.

 

Извор: http://rs.n1info.com/