- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО+ФОТО) СОНК: Бараме веднаш да се врати работното време на воспитувачите и негувателите на 6 и 7 часа

Неделков: Министерството за труд - Работник
3.52Kviews

Самостојниот синдикат за образование наука и култура на Република Македонија денеска пред зградата на Министерството за труд и социјална политика дојде да го искаже својот револт во однос на политиката која ја креира МТСП и некои државни службеници во Министерството, рече Претседателот на СОНК Јаким Неделков на денешната прес – конференција.

Тој потенвираше дека еднострано се прекршува Колективниот договор за детска заштита, како и законот за детска заштита. 

„Согласно законот и Колективниот договор работното време е регулирано, на 6 часа за воспитувачките и 7 часа за негувателите“.

Истакна дека Инспекцијата при МТСП не го почитува ова работно време и издава решенија на директорите со коишто има наложува да се реорганизира работното време и фиксно да се работи 8 часа. Посочи дека согласно законот и Колективниот договор работата со деца е 6 и 7 часа, а останатите часови до 8 часовното работно време се регулираат со посебен акт, каде што дополнителните програмски активности се реализираат или во установата или во други работни средини. 

„Со оглед на условите за работа кои градинките најчесто ги немаат, во однос на посебни простории, информатичка технологија итн. Во однос на пандемијата којашто зема се поголем и поглем замав, директорите поттикнати од инспекторите за труд и Министерството за труд и социјална политика им наложуваат на вработените да останат дополнително“, рече Неделков.

 

Неделков вели дека тие безцелно седат на работното место, а работата којашто дополнително треба да ја извршат, повторно мораат во домашни услови да ја реализираат. На тој начин, како што вели грубо се крши и Законот и Колективниот договор, а работното време на воспитувачите и негувателите надминува повеќе од 8 часа работно време. 

Посочи дека не се почитуваат протоколите на вработените во детската заштита, во однос на необезбедување сигурни и безбедни работни услови за работа. Според него, на тој начин се загрозува здравјето и безбедноста на вработените во детската заштита. 

Од тие причини, бараат веднаш МТСП, односно Министерката во рамките на нејзните надлежности, да побара овој проблем еднаш засекогаш да се реши. Од директорите на устоновите бараат да ги преиначат решенијата кои ги издале до вработените, за да се врати старото работно време на 6 и 7 часа за овој персонал. 

Од трудовата инспекција бараат да влезе во градинките и да испита дали има безбедни услови за работа. Исто така од инспекцијата бараат да констатира дали има потпишана изјава од директорите за безбедност и здравје при работа. Бараат од инспекцијата да увиди дали се почитуваат протоколите за работа.

Неделков истакна дека СОНК ќе побара и одговорност од инспекторите коишто го кршат Законот и Колективниот договор. Посочи дека ќе преземат и други активности коишто ќе одат во правец на заштита на правата на работниците, а тоа значи дека ќе ги информираат европските синдикални пријатели во Европската Федерација на синдикати од образование, каде што спаѓаат детските градиники, но ќе побараат одговорност пред Инсепкцискиот Совет за оние инспектори коишто ги прекршуваат прописите. 

Порача дека СОНК нема да престане со барање на средства и начини за исполнување на нивните барања и остварување на правата на работниците, преземајќи ги сите легитимни средства, вклучувајќи ги и најрадикалните. 

Текст: Бобан Илијевски 

Фото и Видео: Горан Андреевски