ЗанимливостиМагазин

( ВИДЕО) Анастасија од Белград има 17 години и има околу 40 тетоважи: „Ми велат дека сум изрод“

( ВИДЕО) Анастасија од Белград има 17 години и има околу 40 тетоважи: „Ми велат дека сум изрод“ - Работник
144views

Иако тетоважите се во најголем дел составен дел од сите генерации и да се направи тетоважа во 21 век е нормална работа, сепак луѓето кои сакаат тетовирање и таков начин на изразување, и кои сакаат нивните тетоважи се на видливи места, се соочуваат со бројни предрасуди.

Анастасија секојдневно наидува и на одредени етикетирања. Таа има само 17 години и веќе успеа да го украси своето тело со скоро 40 тетоважи.

Првата тетоважа ја направила со игла и мастило кога имала само 13 години.

„Моите родители не ми дозволија, па затоа и самата го направив тоа“, рече Анастасија, пренесува ТВ Прва.
Анастасија започна да ја гради својата кариера како и нејзиниот татко – мајстор, но сепак наидува на лоши коментари од околината.

Таа тврди дека и било кажано дека е „наказа“ и дека слушнала дека нејзиниот изглед е „ужасен“, но и дека тие коментари само ја повредувале на почетокот. Таа сега тврди дека станала отпорна на нив.

“Општо, не треба да се осудува, бидејќи нема потреба. Секој има право да изгледа како што сака, тоа е личен избор, кој не загрозува никого”, заклучува Анастасија.

Погледнете го краткиот прилог.

Извор: b92.net