ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Дали државната финансиска помош ПРИСТИГНУВА до работниците?

Дали државната финансиска помош - Работник
617views

Во интервјуто за порталот Работник, Претседателот на Синдикатот за угостителство и туризам Роберт Митровски истакна дека тие како синдикат не се консултирани за ниеден пакет мерки досега, вклучувајќи и за четвртиот пакет мерки. 

Тој истакна дека помошта којашто ја исплаќа државата не секогаш ситугнува до работниците, посочувајќи се себе си како пример.

„Мојот личен доход за претходниот месец беше 1 денар“, посочи Митровски, додавајќи дека тој не е единствениот ваков пример.

Тој рече дека и синдикатот работи на тоа да направи проценка кај кои од нивните членови не легнале парите од државната помош.

Митровски нагласи и дека финансиската помош треба да легне директно на сметките на работниците, за да истата дојде до нив. 

 

Бобан Илијевски