ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

(Видео) Димитров: За нас е прифатливо договорите на определно да бидат на три наместо на пет години

Намалувањето на работното време - Работник
200views

Намалувањето на работното време и намалувањето на договорите за работа на определено работно време се двете барања кои во последно време се актуелизираа од страна на синдикатите. На прес – конфернцијата по Економско – социјалниот совет кој се одржа во петокот, Претседателот на Органиацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров рече дека намалувањето на работното време може да се регулира со грански колективен договор во некои дејности, како што е ИТ секторот. Тој  наведе и дека Законот за работни односи е многу рестрикивен кога се работи за работното време, бидејќи наложува тоа да биде 40 часа.

За договорите на определно работно време кои моментално се на пет години, истакна дека и тие се за намалување на годините, односно за нив прифатливо е договорите на определно работно време на бидат на три години.

Во продолжние погледнете ги неговите изјави: