МакедонијаСветот на работникотСиндикат

(Видео) Ексклузивно: Јосевски – Имавме продуктивен состанок со Министерот Манчевски

(Видео) Ексклузивно: Јосевски - Работник
268views

Претседателот на синдикалната организација на правосудството во Основен суд 1 – Скопје, при Синдикатот на администрација и државн управа, Драган Јосевски, за порталот Работник вели дека состанокот со Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски поминал продуктивно.

На состанокот меѓу другото и се зборувало за колективниот договор за правосудство, во чија изработка не бил вклучен синдикатот. Според Јосевски, Министерот рекол дека ќе им испрати драфт – верзија од колективниот договор за да и тие можат да дадат свои предлози и забелешки околу истиот. Јосевски нагласи дека 30 години во правосудството нема потпишано колективен договор.

Јосевски смета дека проблемите во правосудството треба да се решаваат етапно, односно секој проблем да се третира во посебни фази.

Тој додаде дека сите вработени во правосудството треба заедно да се сремат кон исполнувањето на нивните барања.

Во прилог погледенете ја целосната изјава: