- Advertisement -
ПравдаСветСиндикат

(Видео) Жестока пресметка помеѓу пожарникарите и полицијата во Париз

Жестока пресметка - Работник
184views

Пожарникарите и припадниците на полицијата вчера се пресметале во текот на протестите во Париз, во кои пожарникарите бараат подобри услови за работа.

 

Advertisement

Протестите ги организирале синдикатите на работниците во противпожарната служба на земјата, пренел АП, а на плоштадот Република пожарникарите фрлале петарди за да го насочат вниманието кон нив.

Учесниците на протестот сакаат зголемување на 19 до 25 отсто за случај на ризик, со оглед на тоа дека отежнато ја изршуваат својата работа поради недостаток на персонал.

Наведуваат и дека број на напади врз нив е во пораст.
Инаку, пожарникарите протестирале и во октомври кога исто така се пресметале со полицијата.
Како што пренесува АП, еден демонстрант во Дијон на југот од Франција е повреден во текот на протестите.

Advertisement