НовостиСветот на работникот

(ВИДЕО) За нас нереално но вистинито: Работењето како комуналец не е срам, во светот е една од најценетите и најплатените работни места

   Време за читање 1 минута

Работата како комуналец на Балканот се смета за срам, но во светот е една од најплатените и најценетите работни места, дури и е тешко да се добие таква работа иако не е потребна посебна професионална подготовка. Изгледа сите освен нас знаат колку е важно да се нема ѓубре. Покрај тоа што свеста на луѓето за овој проблем е на високо ниво, и градските власти знаат колку е тоа важно.
Во Данска платата е иста како и да бидеш професор, а работното време е пет часа дневно, додека во Њујорк практично е „невозможно“ да се најде работа „ѓубреџија“, платите се астрономски, а Синдикатот е толку силен, што и да посака веднаш добива, бидејќи само мал застој и веднаш цел Менхетен „се дави“ во ѓубре, пишува Фејсбук страницата „Еко стража“. Затоа барањата на работниците, доколку се реални, веднаш се исполнуваат.

За тоа време Балканот се „чуди“, како и „гастрабајтерот“ во Австрија, чие видео дава поинаква слика за сè.