Наука

(Видео) Како изгледаат симптомите на корона вирусот од ден во ден?

Корона вирус - Работник
1.8Kviews

Последните неколку недели светот се бори против пандемијата на корона вирусот, поради што се преземени сериозни мерки за да се запре неговото ширење. Сепак, на многумина и понтаму не им е јасно кои се симптомите на овој вирус и на што треба да се обрне внимание, па затоа Science Insider на Фејсбук објавил снимка во која тоа е објаснето.

На почетокот заразата од Ковид -19 може да изгледа како настинка и може да сте во право дека е токму тоа, но корона вирусот може да ескалира. Според Светската Здравствена организација и Кина до 20 февруари 2020 година е откриено дека 80 проценти од заболените имале благи симптоми или симптоми од среден ризик, 14 проценти имале сериозни симптоми, додека 6 проценти од заболените била во критична состојба.

 

На сериозните случаи им е потребен додатен кислород, а во категоријата на критични спаѓаат и оние на кои им отажуваат респираторните или другите органи. Симптомите, третманите и времето на инкубација на болеста варираат зависно од тоа во која категорија спаѓаат пациентите.

Симптоми и инкубација

Потребно е да поминат 2 до 14 дена од изложеноста на корона вирусот за да се појават првите симптоми на болеста. Во овој период може да ви делува дека имате симптоми на настинка или грип. Многу пациенти во почениот стадиум на болеста имаат температура.

Откриено е дека дури 88 проценти од заболените од Ковид- 19 имале температура, додека една кинеска студија утврдила дека 44 процнети од пациентите имале температура по доаѓањето во болница, додека подоцна ја развиле дури 89 процнети.

Меѓутоа, имало и случаи на гастроинтестинални симптоми кои вклучуваат диареја, мачнина, повраќање и абдоминална нелагодност кои се појавувале на неколку денови пред респираторните симптоми.

Сепак, ова не е правило, бидејќи новиот вид на корона вирус е болест на респираторните органи. Тоа значи дека кај поголемиот дел на пациентите болеста ќе започне и ќе заврши во белите дробови.

Во раните деновите на инфекцијата вирусот ги напаѓа клетките на белите дробови. Ова може да ги оштети заштитните влакна кои ги чистат воздушните патишта од штетните работи. Кога ќе се инфекцираат овие клетки, тие умираат и така придонесуваат за количината на штетни работи, попречувајќи го на тој начин вашето тело да ги држи штетните честички вон белите дробови. Воспалението предизвикува оштетување, а оштетувањето предизвикува уште посилно воспаление, а овој циклус може да се продолжи се додека не преостане здраво ткиво.

Воспалението може да биде објаснување поради кое сувата кашлица е еден од најчестите симптоми. Истото важи и за недостатокот на воздух и за производство на течностите. Други симптоми кои може да се појават се заморот, сушење на грлото, главоболки, болки во зглобовите и мускулите, треска и течење на носот.

До петиот ден од заразата пациентите можат да почувстуваат дека имаат проблем со дишењето, а најчесто поминува седмиот ден пред заболениот да оди во болница.

Опоравување и лечење

Оние луѓе со благи симптоми најчесто се опоравуваат за седум дена, но тие со симптоми од среден ризик, со сериозни симптоми и критичните случаи можат да развијат воспаление на белите дробови кое може да биде слабо, но и толку силно што може да им го загрози животот на пациентите. Овие пациенти можат да се опорават за неколку дена, а може и да се случи лечењето да трае и неколку недели.

Кај оние со сериозни симптоми и оние кои се во критична состојба може да ескалира во акутен респираторен дистрес синдром (АРДС). Овој синдром се јавува кога течностите ќе се соберат во пределот на белите дробови. Воспалението започнува поплава на имунолошките клетки кои ја напаѓаат инфекцијата. Тие обично се изолирани во инфекциските подрачја, но телото некогаш ја поминува таа граница, па имунолошките клетки започнуваат да уништуваат се, вклучувајќи ги и здравите клетки.

Акутниот респираторен дистрес синдром има фатлен исход во 30 до 40 проценти од случаите. Кај критичните случаи може да дојде до откажување на органите за дишење поради што тие морат да бидат на апарати кои ги одржуваат во живот и тогаш овие случаи завршуваат на интензивна нега. Тие се приклучени на респиратори кои ја зголемуваат количината на кислород во нивната крв, бидејќи белите дробови тоа веќе не го прават. Доколку овој третман не се покаже како делотворен, белите дробови стануваат премногу преплавени за да можат да испорачаат кислород во крвотокот. Ова е причината за поголемиот дел на смртните случаи кај Ковид -19, а дури и ако пациентот ја преживее оваа фаза, белите дробови можат да му бидат крајно оштетени.

САРС предизвикувал дупчиња на белите дробови кај некои луѓе, а вакви промени се воочени и кај оние кои се заразени од корона вирусот Сарс- КоВ-2.

Што после лечењето?

Претходните студии откриле дека поголемиот дел на луѓето кои умреле од Ковид – 19, починале во рок од 14 до 19 дена од заразувањето, додека оние кои се опоравуваат, се пуштаат од болница по две ипол недели. Сепак, на поголемиот дел на сеориозни и критични случаи потребни им се неколку месеци за да се опорават.

Додека пациентот е во период на оздравување можно е и понатаму да е преносител на заразата, па затоа треба во консултација со доктор да се открие кога нема да биде ризик за другите.

Засега нема вакцини за вирусот, па најдобро е да внимаваме да не се изложиме на истиот. Ковид – 19 лесно се пренесува од човек на човек, преку кивање и кашлање. Затоа често мијте ги рацете и избегнувајте близок контакт со луѓе кои се болни и чистите ги и дезинфекцирајте ги површините кои ги користите секојдневно.