МагазинНаука

(Видео) Кина лансираше сателит за тестирање на 6G мрежата

(Видео) Кина лансираше сателит за тестирање на 6G мрежата - Работник
39views

Кина прва во светот успешно лансираше сателит за тестирање на 6G мрежата. Сателитската технологија не е наменета само за комуникација.

Од центарот за лансирање сателити Таџијан во провинцијата Шанџи, други 12 сателити се лансирани во орбитата.

Целта на Кина е да ја тестира технологијата, мрежа на исклучителна брзина што ќе биде основа на комуникацијата во иднина. Сателитите исто така ќе можат да ги следат катастрофите во земјоделските култури и да спречат шумски пожари.

Врвниот сателит е именуван по Универзитетот за електронски науки и технологија во Кина (UESTC).

Овој сателит ќе се користи за да се потврдат перформансите на 6G фреквентниот опсег во вселената.

Иако се верува дека технологијата 6G е сè уште во почетна фаза, се очекува да биде повеќе од 100 пати побрза од 5G.