Магазин

(ВИДЕО) Клетва на мумијата: Откритието на тајната гробница му го сменила животот

Клетва на мумијата - Работник
101views

Египќанец кој открил една од тајните гробници во пирамидата на високо рангираниот свештеник познат како Вахтје, тврди дека откритието му го променило животот. 

Гробницата на свештеникот била недопрена 4,400 години и откриена е во Сахара, каде што се наоѓа големо археолошко наоѓалиште. Свештеникот имал висок ранг за време на владеењето на фараонот Нефериркаре Какаиј од петатата династија. 

Хамад Шехат Ахмед Мансур, Египќанецот кој им помагал на археолозите во истражувањето на оваа гробница, сведочел за своето искуство во документарниот фил „Тајните на гробницата во Сахара“ кој е емитуван неодамна на Нетфликс. 

Мансур во пирамидата открил гробница во која биле закопани мумии од мачки, како подарок на божицата Бастет која е прикажувана со глава на мачка. Божицата Бастет, помеѓу другото, била и заштитничка на бременоста и раѓањето, но и божица која штити од заразни болести и злобни духови. 

Египќанецот сведочи дека, по ископувањето во гробницата, доживеал необично искуство – неговите мачки започнале да се однесуваат чудно. 

„Откако започнав да ја копам гробницата во која има мумии на мачки, кога мачките ќе ме видат дома, бегаат од мене. Ми се плашат. Не се однесуваат како претходно, како домашни миленици. Кога ќе се случи тоа, им велам ‘во право сте, јас ги ископав вашите претци од земјата и ги ставив во магацин’. Можеби мислат дека истото ќе им го направам и нив“, раскажал Мансур. 

Мачките во стар Египет се сметани за магични суштества кои носта среќа. Египтолозите наведуваат дека мачките имале речиси ист статус како и боговите, а неколку богови во кои Египќаните верувале се прикажани во нивен облик. После смртта, мачките често биле мумифицирани.