ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

(ВИДЕО) Која е потребата на пазарот на трудот?

Која е потребата на пазарот на трудот - Работник
203views

Постојат работници кои бараат работа и кој сметаат дека се вешти, образовани и квалификувани за работните задачи за кои бараат работа, истакна Претседателот на Бизнис Конфедерација на Македонија, Миле Бошков во интервјуто за порталот Работник.

„Меѓутоа, од друга страна реалниот пазар на труд и потребата на стопанството вели дека тие работници кои се нудат на пазарот на трудот ги немаат потребните вештини. Тие ги немаат достигнато или ги немаат воопшто и врз основа на оперативниот план за вработување и мерките кои гу нуди Агенцијата за вработување и Владата, потребно е умно да ги искористат за да можат да се квалификуваат или да се усогласат со потребите на пазарот на трудот односно со стопанството“, истакна Бошков

Од тој аспект, Бизнис Конфедерацијата смета дека може повеќе да се вложи за да се усогласат потребите на стопанството со понудената работна сила.

Што се однесува до состојбите вработеност и невработеност, Бошков посочи дека пандемијата директно влијаеше врз работните места и отпуштањата од одредени работни позиции во одредени сектори, меѓутоа во овој момент социјалните партнери и Владата треба заедно да креираат мерки кои диреткно ќе влијаат на враќањето на работниците на работните места. 

 

Бобан Илијевски