- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) КСС својот револт ќе го изрази преку протест. „Време е за радикални синдикални мерки“

КСС - Работник
2.21Kviews

Револтот поради непочитување и неприменување на законите, прогонот на синдикалните лидери и непостапувањата на институциите на системот, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе го искаже преку предупредувачки протест кој ќе се одржи на 15 април – четврток. Ќе започне од булеварот Гоце Делчев кај Македонската Телевизија и преку Собранието, ќе заврши пред Владата на Р. Македонија.

Ова денеска на прес – конференција го соопшти првиот човек на КСС Благоја Ралповски, нагласувајќи дека ваква одлука била донесена на највисокиот орган на Синдикатот – Конференцијата која се одржала на 7 април.

Тој посочи дека синдикатот единствено што бара е да се почитуваат и применуваат постоечките закони, потенцирајќи дека Владата нема слух за истото. Ралповски рече дека тие немаат посебни барања, туку едноставно сакаат да се почитуваат законите.

Тој се осврна на Законот на минимлна плата, за кој рече дека само селективно се почитува од страна на Владата, како и на барањето за 100 % исплата на плата на заболените од Ковид -19, за кое заедно со Македонското здружение за заштита при работа испратиле иницијатива до Уставниот суд за утврдување на законитоста и уставноста на точка 408 од Правилникот за професионални заболувања (Сл. Весник РСМ бр. 118/20). Бараат од Уставниот суд да ја поништи оваа дискриминирачка одредба и да се донесе нова одредба со која секој работник кој работи на работни места, каде во согласност со Законот за Безбедност и здавје на работа е утврдено постоење на зголемен ризик за заразување со САРС-КоВ-2 вирусот и/или појава на болеста Ковид-19, во случај на инфекција или заболување, да може да ги оствари своите уставно загарантирани права за безбедна работа и еднаквост.

Ралповски рече дека се обидуваат и да го уништат синдикатот, преку прогон на синдикалните лидери и нивно отпуштање и распоредување, подвлекувајќи дека синдикатот е голем и не може лесно да се растури, како и дека тие нема да го дозволат тоа.

Истакна дека протестот ќе биде со автомобили, за да се почитуваат мерките кои ги воведе Владата за заштита од Ковид -19, но нагласи дека доколку Владата и после протестот нема да има слух, тие ќе продолжат со порадикални синдикални делувања, бидејќи органите на синдикатот така одлучиле. 

Бобан Илијевски

Снимател и монтажер: Горан Андреевски