ЕкономијаМакедонијаПравда

(Видео) Мизрахи: Постојат недоследности во работењето на минатиот Економски – социјален Совет

Мизрахи: Постојат недоследности - Работник
371views

Бобан Илијевски

Наидовме на тензии помеѓу синдикатите, но и помеѓу работодавачите, рече Министерката за труд и социјална политка, Рашела Мизрахи по завршувањето на денешната седница на Економско – социјалниот Совет.

Таа истакна дека оваа седница најмногу скужела за вовед во проблемите поврзани со социјалнит дијалог и дека ќе треба да се отворат уште многу прашања со истиот.

Мизрахи наведе и дека постоеле одредени недоследности во однос на работењето на минатиот Економско – социјален Совет.

Претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија, Ангел Димитров рече дека во време на техничка Влада не би можело многу да се направи околу подобрувањето на социјалниот дијалог.

Тој посочи дека Македонија не се наоѓа во 20 век и дека класната борба помеѓу работниците и работодавачи не смее да биде основа за некој напредок, туку во суштина напредокот и животниот стандард во разивените земји напредна поради новата технологија, иновциите и современата опрема.

Тој истакна дека работодавачите и работниците не треба да се гледаат преку нишан, треба да се почитуваат меѓусебе, треба да знаат да градат компромиси меѓу себе и да знаат да ги разбираат заедничките интереси.

„Ако ние немаме такво разбирање, еве како што се случи на оваа седница, имаме поголема расправа помеѓу синдикатите, отколку помеѓу работодавачите и синдикатите. На работодавачите и синдикатите им порчувам дека никој не може нив да ги искористи политички, доколку тие не го дозволат тоа. Тие треба да бидат независни и треба да ги гледаат интересите на работниците и работодавачите“, рече Димитров.