Наука

(Видео) НАСА објавила нова визуелизација на црната дупка, сега е се појасно

НАСА - Работник
158views

НАСА објави нова визуелизација на црната дупла при која илустрира како нејзината гравитација ја искривува светлоста и просторот – времето поради што нејзиниот диск го гледаме изобличено, како да го набљудуваме во куќата на огледала во забавен парк.

Визуелизацијата прикажува симулација на изгледот на црната дупка и нејзиниот акрециски диск, односно загрејување на материјата која влегува во неа. Екстремната гравитација на црната дупка ја завива светлоста во различните делови на дискот и прикажува искривена слика на самата црна дупка.

 

Околу неа го гледаме тоа што е зад неа

Плинот кој е најблизок до црната дупка кружи околу неа речиси со брзина на светлината, додека надворешните слоеви се движат побавно. Кога ја набљудуваме црната дупка од бочна перспектива, левата страна на дискот се чини дека е посјајна од десната. Тоа е затоа што зажарениот плин на левата страна на дискот се движи во наша насока толку брзо што ефектот на теоријата на Ајнштајн за релативитет го засилува нејзиниот сјај. Спротивно важи за десната страна каде плинот кои се оддалечува од нас изгледа потемен. Тие асиметрии исчезнуваат кога црната дупка ја гледаме точно во „лицето“, бидејќи од таа перспектива ниеден материјал не се движи во должина на нашата видна линија, односно кон нас или од нас.

Гравитацијата при самата црна дупка е толку силна што ја искривува светлоста на најблискиот плин во акрецискиот диск, така да ние неговата спротивна страна, онаа која се наоѓа зад црната дупка, ја гледаме како да кружи околу неа и создава прстен на светлина.

Тој таканаречен „фотонски прстен“ се состои од повеќе линии кои прогресивно стануваат се потенки и потемни. Бидејќи е симулирана сферична црна дупка, фотонскиот прстен изгледа речиси кружно и идентично од кој било агол. Внатре во фотонскиот прстен се наоѓа и сенката на црната дупка.

Хоризнотот на случувањата е невидлива граница околу црната дупка зад која повеќе ништо, па ни светлина, не може да ја оттргне од нејзината привлечна гравитациска сила.

„Ваквите симулации добро прикажуваат што Ајнштајн мислел кога рекол дека гравитацијата ги искривува просторот и времето“, рекол креаторот на оваа визуелизација, астро физичарот Џереми Шинтман од институтот на НАСА – Goddard Space Flight Center.

„До неодамна, визуелизацијата на црната дупка се потпирала само на нашите пресметки и фантазијата. Никогаш не помислив дека ќе биде можно навистина да се види вистинската црна дупка“, додал тој.

Остатокот од текстот можете да го прочитате тука