- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинПравда

(Видео) Неверојатен потег на судскиот чувар: Скокна по бегалецот преку оградата на скалите

Неверојатен потег на судскиот чувар: Скокна по бегалецот преку оградата на скалите - Работник
175views

Полициски службеник на суд во американската држава Охајо стана вистински хит на Интернет откако спектакуларно се обиде да спречи човек додека бегаше.

Имено, Никола Гарисон (34) требаше да биде осуден на шест месеци за поседување дрога, кога чуварите го изведоа пред судијата, тој го искористи моментот на небрежност и избега од судот.

Членовите на обезбедувањето веднаш го следеле, а еден од нив ја прескокнал оградата додека бегалецот трчал по скалите. За жал, тој го промаши Гарисон и падна на грб на скалите, а бегалецот успеа да им избега на чуварите.

По три дена бегство, полицијата успеа да го уапси Гарисон, а храбриот чувар кој скокна по него, заврши во болницата поради повреди.