ПравдаСветСиндикат

(Видео) Полициските синдикати во Париз на „Национален марш на гневот“

Полициските синдикати во Париз на „Национален марш на гневот“ - Работник
36views

Полициските синдикати денеска излегоа на улиците во Париз на „Национален марш на гневот“, пренесува „Спутник“. Маршот има за цел да ги повика властите да преземат мерки за подобрување на менталните, финансиските и работните услови на полициските службеници.

Според француското „Движење на лути полицајци“, во текот на 2018 година биле пријавени 33 полициски самоубиства, додека годинава повеќе од 50 полицајци си ги одзеле животите.