(Видео) Ралповски: Вработените во јавниот сектор се под стрес поради страв од губење на работните места
Ситуацијата во јавниот сектор во последно време почнува да ескалира поради изјавите на Министерот за информатичко општество и администрација и мерките на владејчката коалиција за трансферот којшто треба да се направи после изборите, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС, Благоја Ралповски.
Ралповски истакна и дека колективниот договор кој што е незаконски и неуставен, кој што е потпишан на само неколку дена пред распуштање на Собранието пропишува К-15 од 9000 денари, кои што воопшто не се предвидени со буџетот, а се однесуваат само за 17.000 административци, а одредбите за систематизација на работни места и опфатот на функционалната анализа е за 5500 административци, што само по себе кажува зашто толку се бразаше само да се легализира оваа алатка за уцени и притисоци.
Тој во името на синдикатот го постави прашањето зашто е потребен овој трансфер на веќе обучени административци кога сведоци сме дека во последниве три години се вработени преку 40.000 нови вработени во јавниот сектор, бројка која е далеку поголема од онаа што се прикажува вишок во јавниот сектор.
Тој посочи и дека функционалните анализи не се спроведуваат коректно, поради тоа што му се дозволува на директорот да одлучува кој ќе замине во приватниот сектор. Ралповски рече дека синдикатот имал дојави за тоа дека директорите одлучувале за тоа по принципот подобни и неподобни.
Истакна дека во последниот период особено последниот месец во многу институции се поведуваат многу постапки за дисциплински престап, што само по себе повторно кажува дека целата таа операција е отпочната, но освен ние другите молчат и преќутно го одбруваат тој чин.
„Не само за наши членови тие притисоци почнуваме да ги трпиме и ние самите затоа што тоа не не одминува и нас како синдикални лидери со цел да се направи притисок и врз нас кои јавно и гласно зборуваме за трансферот“, рече Ралповски.
Тој наведе дека се појавува нов феномен во јавниот сектор, а тоа е стрес заради сравот од губењето ан работното место со што вработените се под постојан притисок, се заплашуваат со дисциплински постапки и губење на работните места и истите стануваат лесна мета на властодршците за манипулација па затоа ги повикуваме сите надлежни институции веднаш да ги спречат ваквите дејствија.
Тој потенцираше дека во многу наврати во минатото кажале дека ние многу жестоко ќе се спротистават на таа мерка која сега гледаат дека кулминира за нечии потреби.
„Па затоа уште еднаш ќе им порачаме на сите чинители дека сме против оваа реформа од причина што се користи за уцени и заплашување, и никако не може да се нарече реформа затоа што се повеќе се работи под стрес, со лош раководен кадар и никако не може да биде ефикасна, иако постојат многу квалитетни и стручни работници, но амбиентот што е створен во моментот и хаосот со платите прави голем јаз и нетрпеливост помеѓу вработените“, рече Ралповски.
Ралповски се осврна и на порамнувањето на платите, за коешто рече дека во многу наврати апелирале дека треба да се справи со истото. Според Ралповски, платите на носителите на дејностите и помошно -техничкиот персонал се порамнети, а за да се поправи ова потребно е да има усогласување на минималната плата во колективните договори.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024