Правда

(Видео) Ристески за Лидер: Законот за извршување е душмански направен, народ плаќа нешто што не постои

   Време за читање помалку од минута

Иницијативата „Стоп за извршителите“ подолг период преку протести бараат законски измени со кои ќе престане блокирањето на сметките, наплатата на долгот да не трае подолго од две години и да се почитува застарувањето на долговите.

– Законот за извршување е душмански направен, народ плаќа нешто што не постои, некои виртуелни долгови. Предмети имаме уште од 1994 година за кои што и денеска извршителите доаѓаат, дури не ни тропаат на врата, граѓаните дознаваат кога ќе пробаат да извадат пари дека сметката им е блокирана, изјави во интервју за Лидер, Марјан Ристески, од иницијативата „Стоп за извршителите“, пишува Лидер.

 

Извор: Лидер