- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

(ВИДЕО) Санта мраз која се движеше право кон островите Јужна Џорџија, како го смени курсот за 180степени?

Санта мраз која се движеше право кон островите Јужна Џорџија, како го смени курсот за 180степени?
568views

Санта мраз со име А68А која пред извесно време беше отцепена од Антарктик, со голема брзина се движеше кон островите на Јужна Џорџија. Последиците би биле големи доколку овој огромен леден брег удреше во островите, тоа би предизвикало уништување на морскиот животински свет околу островот како и уништување на делови од островите на Јужна Џорџија. Сепак, на чудесен и не сосема јасен за научниците начин, оваа санта мраз го смени својот курс за 180 степени и се упати назад кон деловите на Антарктикот кој потоа се подели на 4ри помали делови. Овој леден брег имаше плоштина од 4200 квадратни километри, значително поголем од островите каде беше насочен.

Во официјалните извештаи на експертите и научниците се кажува дека промената на курсот дошла поради големите водени струи кои биле непосредно пред островите, но како точно струите биле насочени за да го променат курсот за 180 степени а не да го забрзаат движењето на ледениот брег и насочат кон самите острови, засега е непознато од научен аспект што остава простор за сето ова да се смета за чудо и човекот сам да донесе заклучок.

Во видеото подолу можете накратко да го видите целото движење на оваа санта мраз снимено и со компјутерска анимација прикажано од птичја перспектива.