ЕкономијаМакедонија

(Видео) СКМ: Законите се пречка за функционалност на дуалното образование

СКМ: Законите се пречка - Работник
47views

Стопанската комора на Македонија изминатиот месец одржа состаноци со речиси сите здруженија и регионалните комори во рамките на Комората, на која се дебатираше за проблемот со недостиг од, не само на стручен кадар, туку и воопшто од недостиг на работна сила, пишуваат од Стопанската комора на нивната веб страна.

Од таму истакнуваат дека при тоа, недостигот на стручен кадар, посебно на поединците со специфични заења и вештини, беше истакнат како клучен проблем што се одразува на продуктивноста на компаниите, на нивните планови за иден развој и вложувања, што крајно се рефлектира на вкупната национална економија.

„Ова го потврдува и последната, од серијата анализи, направена од Стопанската комора на Македонија, според која 63% од компаниите истакнуваат дека се соочуваат со недостиг на стручен кадар од сите занимања, а 62% од компаниите во предвидувањата што ги прават планираат да ги зголемат вработувањата за следните 12 месеци“, велат од Стопанската Комора.

Според нив, анализите покажуваат дека иако фалат работници, а на пазарот се нуди работна сила, сепак нема поврзаност на потребите со понудата од аспект на вештини. Тоа значи дека дефицитот на вештини и неусогласеноста на вештините ја нарушуваат конкурентноста на економијата, посочи м-р Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија на прес конференцијата.

 

Од друга страна, вели Јаневска, Комората како важен економски партнер со своите капацитети, во соработка со образовните институции работи на функционалност на дуалното образование како најсоодветно решение и можност за обезбедување стручен кадар според потребите на реалниот сектор и  подготовка на учениците за работа во соодветна компанија. Од тој аспект, со својата стручност Комората и бизнис секторот активно се вклучија во модернизирањето на образовните програми за стекнување на стручни знаења и практични вештини според потребите на компаниите.

Од оваа учебна година започнаа и најавените реформи, но сеуште се јавуваа одредени проблеми и не можат да заживеат во практиката, посебно реализацијата на практичната обука во компанија. Една од причините, покрај инвестициите во образованието за опремување на училиштата со лаборатории и опрема, е ограничувачката законска регулатива за која долго време се најавуваа измени во насока на олеснување и функционалност на дуалното образование.

Имајќи ја во предвид ваквата состојба, намерата на Стопанската комора е да упатат апел до министерството за образование и наука за донесување на измените во законот за стручно образование и обука или донесување нов закон и хармонизирање на истиот со останатите закони кои ја опфаќаа оваа проблематика, и тоа  до крајот на оваа година, како значаен фактор кој треба да придонесе за успешно реализирање на реформските процеси кои се веќе започнати.  Во оваа насока Стопанската комора на Македонија апелира:

1.  најитно формирање и отпочнување со работа на работната група за подготовка на законот;
2. вклучување претставник од Стопанската комора на Македонија како член на работната група за да дадат свој придонес со свој капацитет и  стручност од перспектива на бизнис заедницата;
3. хармонизација на законодавството во образовната политика и системско решавање на дуалното образование;
4. точно прецизирање на одговорностите на институциите во воспоставување на дуалниот систем на образование и уписната политика.

Поддршка за хармонизирање на законската регулатива за дуалното образование даде и директорот на стручно училиште СУГС ,,Владо Тасески” Скопје, Александар Сибиновски кој истакна дека училиштето е единствен пример на образовна институција која ги има имплементирано сите облици на безбедност при работа за  квалитетно изведување на практичната обука. Но сепак, тоа е само добар пример кој мора да се преточи во законско решение.

„Многу наши соседни земји зборуваат за системски решенија, а кај нас тоа се реализира и во пракса“ истакна Сибиновски.

Преставниците од компанијата ЕВН Македонија, Маја Симоновска и Силвана Космач кои дирекно се вклучени во имплементацијата на Проектот 20/20/20, за стекнување на квалификацијата електромонтер и реализирање на практичната обука на учениците во нивната компанија посочија на спецификата на здравствените прегледи за квалификацијата електромонтер. Системското решавање на дуалното образование ќе значи задолжителни специфични здравствени прегледи карактеристични за  квалификацијата на секторот и селекција на кандидатите при уписот за стекнување определени квалификации.

Изнесените видувања укажуваат на фактот дека доколку се сака да се има функционално дуално образование мора да се отстранат законските пречки за успешна реализација. Со отпочнатите реформи несмее да се експериментира доколку се сака да се олесни работењето на компаниите и да се има економски конкурентна држава.

Извор: Стопанска комора на Македонија